Внукот на првиот претседател на Македонија Јане Ченто кој е осуден за настаните од 27 април ги коментира изјавите на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска.
Изјавите на Русковска се директен доказ дека имало селекција на луѓето кои требало да бидат осудени затоа што таа признава дека биле гонети само еден дел од тие што можеле да бидат судени.
Како се правела селекцијата Русковска не открива.
,,🔶 Вилма Русковска вчера јавно ПРЕД ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ си призна дека правела селекција кој да биде обвинет а кој не.
Тоа што го зборувам 5 години, тоа што го зборував во суд вчера обвинителката сама си го призна во емсија.
Слушнете го повеќе пати видеото ако не ви е јасно.
🔶 Таа сама кажува дека имало луѓе со качулки и без качулки ( за кои тврдам дека се вработени во УБК по оние информации што ги собрав додека сум во затвор) кои не биле дел од истрагата. Зошто?
🔷 Она што го зборува и Фросина Ременски само го потврди тоа што го имаме како информација а тоа е дека дел од структурите на УБК се тие кои го направиле 27ми Април кои подоцна добијаа функции во време на владеењето на СДСМ како награда за тој мастер план.
❓Понатаму вели, ако ги обвинев 60-70-80 луѓе ПРЕДМЕТОТ НЕМАШЕ ДА ЗАВРШИ????
Молам? Дали има нормална судска институција во Македонија која ќе го истражи ова?????
Зошто сме тогаш одбрани ние?
🔴 Затоа што требаше да се исплаши народот дека луѓето кои застануваат на браникот на татковината и кои видоа дека ќе се прави предавство требаше да бидат ПРИМЕР за сите останати кои ќе протестираат во процесите кои следеа, промена на име и ред други предавства дека ако се бунат ќе ги снајде исто како овие луѓе од 27ми Април.
И тој план им успеа за жал на македонскиот народ.
❓Сега нека си го постави прашањето секој од вас, зошто брзале да се заврши предметот како што сама кажува?
🔴 Затоа што требаше да ги уценат оние кои гласаа за промена на името!
🔲 Вилма Русковска вчера во една минута ја сруши својата теорија на случај, си ги сруши дама предметот.
Ама тоа е кога зборуваш лаги секој ден, ќе згрешиш кога зборуваш во емисии и ова не и прв пат јавно да признава.
На прашње на новинар дали ќе се случеше 27ми Април ако не беа отворени вратите сама кажа дека НЕМАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ НИШТО ОД ТОА.
📌 Денеска и Бојан Јовановски познат како Боки 13 сам изјави дека 27ми е монтиран процес и дека поради тој процес Вилма доби функција во ОЈО.
Со оглед на тоа колку беа блиски со Вилма и со оглед на тоа дека знаеме дека 27ми Април е монтиран процес треба да му се поклони верба во тој дел”, пишува Ченто користејќи ги хаштазите:
#БарамеПравда
#БарамеФерСудење
Видеото на овој линк






