Еден од обвинетите за настаните од 27 април што сè уште е во притвор во затворот во Шуто Оризари, Јане Ченто, од Судски совет на Апелациски суд во Скопје денеска не побара куќен притвор или да се брани од слобода, туку да го вратат кај неговите браќа во Шутка и да ја дели нивната судбина, мислејќи на преостанатите затворени за случувањата во Собрание при „изборот“ на Талат Џафери за негов спикер!
„Во претходните јавни седници ви зборував со факти и докази, со судска пракса од европскиот суд за човекови права, ви цитирав од прирачникот на Здружение на судии, на кој сте потписник и Вие господине судија Јани Нича и таму е сè напишано теоретски како што треба, но праксата е сосема спротивна, за жал.
Со факти и дсо окази на моја страна ме држите во притвор повеќе од 11 месеци.
Денес дојдов до заклучокот на мојата одбрана, но нема да ја завршам како што обично ја завршуваат адвокатите и да барам куќен притвор и да се бранам од слобода.
Нема да го барам тоа, бидеќи моите браќа се во затворот во Шутка и тие страдаат како мене, неправедно и селективно држени во притвор скоро една година.
Жалбата секако ќе ми ја одбиете и за тоа сум свесен.
Bратете ме во Шутка кај моите браќа и да ја делам нивната судбина, бидеjќи во ваква држава како што е во моментов разбирливо е чесните да бидат затворени или убиени.
Ви благодарам“, рече правнукот на првиот македонски претседател Методија Андонов-Ченто, цело време прекинуван од судиите Јани Нича, Сафет Кадриу и Цветанка Периќ.





