Јанчев организира протести пред ВМРО-ДПМНЕ, има желба да го урне Мицкоски

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој беше избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ по полноќ повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.



Протестот ќе се случи идната недела а целта според претендент за челната позиција, како што самиот Јанчев се опишува, е да се смени Христијан Мицкоски.

“Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02.11.2020 година ( понеделник ) во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ( Белата палата).
Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицковски”, пишува на профилот на градоначалникот на Кавадарци.

Пред неколку дена Јанчев во интервју најави дека ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ кога сите членови на партијата ќе можат да гласаат за избор на лидерот.

Зошто Јанчев го смени планот и по полноќ повикува на протест пред да се создадат услови за гласање на членовите не пишува во прогласот.

Јанчев беше потпретседател на партијата до референдумот за промена на името кога беше сменет од позицијата поради поддршка на промената на уставното име.

За кандидат за градоначалник на Кавадарци беше промовиран од екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.