„Во заеднички договор со унгарското Министерството за надворешни работи решивме да се повлечам од функцијата почесен конзул“
вели за СакамДаКажам, Сашо Јанакиевски еден од сопствениците на „Еко клуб“ и сега веќе отповикан унгарски конзул во земјава.
Јанакиевски вели дека причината е „да се оттгрне од моето име политичката поврзаност со одредена партија и луѓе“,
Во Министерството за надворешни работи вчера добиле нота од унгарското МНР дека го отповикуваат почесниот конзул во Битола, без образложение.
Јанакиевски бил почесен конзул на Унгарија од септември 2012 година.






