Јанакиески штрајкува со глад во притвор во Шуто Оризари

Пораненешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој од минатата недела повторно е во притвор во затворот „Шутка“ од саботата штрајкува со глад. За ова е известен и Кривичниот суд во Скопје.



„Јанакиески моментално има 2 активни решенија:Едното е за куќен другото за притвор во Шуто Оризари. Револтот е поради несоодветното постапување на судот, односно тоа што има 2 притвори со идентични причини. До сега куќниот притвор се покажа како ефективен, односно дека Јанакиески не може да се даде во бегство ниту, пак, да влијае врз сведоци“ изјави неговиот адвокат Еленко Миланов.

На ексминистерот за транспорт и врски покрај обвиненијата од СЈО, му се става на товар и едно обвинение од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продажба на државни парцели, како и една истражна постапка во која е осомничен како организатор на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.