Јанакиески: Нечовечки е пак да одам во Шутка

„Три години ме шетате Шутка – дома, Шутка – дома. Ова е играње со човечки судбини“, реагираше поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, на кој денеска му беше изречена затворска казна од 6 години и три месеци.



Покрај ова, Обвинителството побара мерката куќен притвор да му се замени со ефективен притвор.

„По бегството на Сашо Мијалков секој што влегува во мојата зграда се проверува. Сега е жешко и полицијаците седат во ходникот.

Мислам дека е нечовечки да бидам носен во Шутка и назад. Три години ме шетате Шутка – дома, Шутка – дома. Ова е играње со човечки судбини. Згора треба да се спремам и за дригите случаи во кои сум обвинет, а престојот во Шутка го ограничува моето право на одбрана“, рече Јанакиески.