Јана Стојановска, ќерка на актерката Силвија Стојановска, за српскиот портал „Република“ вели дека мајка ѝ нема врска со шверц на дрога.



„Се потресов кога слушнав дека мајка ми е приведена, но кратко, затоа што набрзо беше утврдено дека таа нема врска со дилање дрога. Таа е поврзана со ова поради братот на нејзиниот сопруг, кој е осомничен за шверц на дрога. Мајка ми ја нападнаа и приведоа без причина, таа е невина“, вели Јана, која, исто така, е актерка, пренесува Макфакс.