Јан Коп: Не за преговори „во пакет“ за Македонија и Албанија

.„Ние земјите ги проценуваме индивидуално и таа проценка не доведе во позиција во овој момент  да видиме простор С. Македонија да ги започне преговорите за членство, а не гледаме простор за Албанија“, изјави Дирк Јан Коп, амбасадор на Холандија во Македонија за ТВ24.



Ова е пристап базиран врз заслуги, вели амбасадорот

„Тоа што другите во Унијата имаат поинакво пристап и сакаат ова  прашање да го третираат во пакет, повторно може да е проблем, но се соочуваме со фактот дека ќе добиеме нов извештај од Комисијата,  до крајот на месецов веројатно, нови извештаи за двете земји“, вели холандскиот амбасадор.

Тој смета дека по добивање на извештајот од ЕК, „ќе има простор земјава да ги започне преговорите“.