Јакимовски загрижен по палењето на автомобилот на Шилегов – утре може и бомба да постават

Градоначалникот на општината и Советот на Општина Карпош го осудуваат палењето на автомобилот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.



„Едногласно го осудуваме немилиот настан со палењето на автомобилот на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов. Воедно бараме МВР да постапи согласно законите, да отвори истрага и да ги пронајде сторителите во најкус можен рок. Безбедноста на граѓаните секогаш треба да ни биде на прво место“, вели градоначаникот на Карпош Стефче Јакимовски.

Додава дека ако сега палат автомобили, исти такви лица следниот пат би можеле да постават и бомби.