Јакимовски влегува во трка за Карпош, бара поддршка од сите партии против СДСМ

Сакам да ве известам дека одлучив да се кандидирам за следен градоначалник на Општина Карпош на претстојните локални избори.



Оваа најава за влез во изборната трка за градоначалничка функција која ја водеше во два наврати ја дава Стевчо Јакимовски, лидерот на Граѓанската опција за Македонија и неколкукратен градоначалник на општина Карпош.

Од трката за градоначалнички мандат во општина Карпош испадна најсериозниот кандидат на СДСМ, досегашниот градоначалник Стефан Богоев, од кого две третини од жителите на Карпош се изјасниле како незадоволни од работата на Богоев.

За разлика од Стефан Богоев, повеќе од половина од жителите на општината го доживуваат Стевче Јакимовски со позитивен сентимент, очекувајќи нова кандидатура од лидерот на Гром, пишува порталот Инфомакс од каде ја пренесуваат неговата изјава.

“Ги имам во предвид последните истражувања на јавното мислење, и ќе го испочитувам барањето на моите сограѓани од Капрош. На овие локални избори ќе бидам кандидат за градоначалник на општината, предложен од Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ. Сите политички чинители се добредојдени да ја поддржат мојата кандидатура”, изјавил Јакимовски за Инфомакс.мк

Јакимовски беше приведуван и држен во притвор повеќе од 6 месеци поради наводен криминал во Карпош но власта не успеа да докаже ниту еден предмет против него.

Засега нема најава дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи својот коалиционен партнер или ќе оди со свој партиски кандидат.