Кандидатот за градоначалник на Карпош од ГРОМ бара владата да го даде на користење Етно селото на Водно за да се ревитализира туристичкиот објект и да се вработат педесетина луѓе.
“Не е ли жално на толку вложени народни пари овој објект биде затворен? Да не биде на туристичката мапа на Карпош, на Скопје и на Република Македонија? Да педесетина луѓе ги изгубат своите работни места? Ако владата на Република Македонија не се подготвени да го стават објектот во функција да го доделат на општина Карпош. Сакаме овој објект да го ставиме во функција, да биде во интерес да граѓаните на Карпош и на Скопје. Да биде интересен објект за туристите кои што доаѓаат овде во нашиот град и во исто време да креираме нови педесетина работни места…”, порачува Јакимовски во видеото.
https://www.facebook.com/stevco.jakimovski.12/videos/234718322034572/





