Лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски со реакција откако го изгледал интервјуто на министерот за Евроинтеграции Никола Димитров кај Гоце Михајлоски во емисијата „Само интервју“.
“Водителот си ја водеше емисијата префектно. Го утепа министерот со незгодни прашања а овој кутриот или ги крши прстињата или ја поднаместува маската или ги прекрстува нозете од една во друга позиција.
Суштина никаква, флоскули еден куп во кои сам не верува, невидено фолирање и релативизирање на состојбите. За договорот со Грција гордо вели дека тој е потписник и за да ги поентира „придобивките“ од договорот вели: Јас имам 48 години, се викам Никола Димитров, Македонец сум и зборувам Македонски јазик. Кој може да ми каже дека не сум Македонец?.
Ех бе министерче!
Ти не си Македонец туку македонче и тоа со мало м (во деминутив), така можеш да си се декларираш по улици и по дома.
Но, имам едно прашање до тебе а одговорот е лесен: Те молам кажи ми во кој официјален државен документ стои дека ти си Македонец? Во ниту еден! Дури и во пописот што го подготвувате нема да се изјасниш како Македонец, ќе нема националност.
Епа и Македонците во Грција по дома можат да си се викаат Македонци ама официјално не! Македонците во Бугарија дома за пред жените и децата можат да си се кажуваат дека се Македонци но официјално не, ниту можат да добијат документ дека се по националност Македонци.
Ај едно потпрашање: Што е тогаш разликата помеѓу Македонците во Бугарија, Грција и северџанија? Нема разлика. Македонци си се само онака за по дома што би се рекло а официјално не сме Македонци ниту таму ниту тука.
Ете така да си знаеш министерче јадно колку си ја покакал работата со твојот потпис. Ти си само еден обичен граѓанин на северна Македонија а дека си Македонец, тоа е само за кажување приказни.
На крајот на емисијата водителот му се заблагодари за гостувањето а Димитров вели: Се надевам дека не бев досаден!?
Не беше досаден??????”, пишува Јакимовски за настапот на Димитров на интервју откако завчера поради здравствени причини не се појави на собраниска комисија на тема бугарско вето.





