„Арбен Јахија, советник во Советот на општина Липково од редовите на опозициската Алијанса за Албанците, преку објава на фејсбук и упати порака на партијата Алтернатива на Африм Гаши, која денес побара од пратеникот Скендер Реџепи да и го врати пратеничкиот мандат, бидејќи го добил во име на оваа партија. Јахија им порачува во Алтернатива дека сите тие треба да му ги вратат мандатите на народот.“ – пренесува информативниот портал на албански јазик „ин7“.
„Ин 7“ ја пренесува исцело објавата на Арбен Јахија на фејсбук:
„О, вие, бедници!
Ако некој треба да го врати мандатот, тогаш сите вие треба да му ги вратите мандатите на народот, кој гласал за вас, за да донесете промени. Промена која беше блиска како никогаш досега. Но што сторивте вие? Се здруживте и станавте едно со оние толку многу години ги оневозможуваат промените. Но, тие што ги оневозможуваат промените во исто време ве произведуваат и вас и вашиот сој…“





