Поранешната хрватска премиерка и шефица на ХДЗ, Јадранка Косор, објави во книга во која открива дека нејзиниот очув се обидел сексуално да ја злоупотреби кога имала 15 години.
Косор исто така пишува дека нејзиниот очув ја тепал мајка ѝ, исто како што и нејзиниот дедо ја тепал баба ѝ.
Таа пишува дека претходно дека нејзиниот татко бил патолошки љубоморен, а семејните расправии, започнале веднаш по нејзиното раѓање.
Во интервјуто за „Јутарњи“ по повод објавената книга, таа вели дека не и е лесно, но дека семтала дека треба да пишува за тоа.
Книгата, како што истакнува, е посветена на „жени, сами жени, разведени жени, несреќни жени…“
Таа додава дека ако нешто ги изненади читателите, тоа сигурно ќе бидат делови од нејзиниот приватен живот, кои, како што вели, секогаш се обидувала да ги задржи под клуч.






