Јачева-Улчар: Свестете се, Македонци! Коренот ќе ни се сотре!

Професорката Елка Јачева-Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, со драматично предупредување за „патоказот“ за Договорот со Бугарија што го спомна министерот за надворешни работи Бујар Османи.



„СВЕСТЕТЕ СЕ, МАКЕДОНЦИ!

КОРЕНОТ ЌЕ НИ СЕ СОТРЕ!

Патоказ е другиот збор за анексот кон Договорот: нема Македонци во Бугарија, македонски јазик од 1945 – сите претходни дејци се Бугари и нема македонски дијалекти зашто и официјалниот македонски е дијалект на бугарскиот. Автоматски, Македонците се од 1945 – претходно немаат историја!

Како што човек без меморија не е човек, така и народот!

Тотално демонтирање на Македонија на патот кон федерализација.

И не заборавјте!

Следува продажба на државното земјиште и на главни сратешки објекти! Купците однапред определени!

Соседите!!!“, објави на Фејсбук експертот по историја на македонскиот јазик и ономастика.

https://www.facebook.com/elka.jacevaulcar/posts/10225048283453434