Јачева-Улчар до бугарскиот вицепремиер: К’де тук намирате омраза, мил Каракачанко?

Професорката Елка Јачева Улчар му одговара на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов кој ги обвини Македонците дека ширеле говор на омраза кон Бугарите.



“Не, бе, душо, Каракачанко… не!
Не си ни разбрАл, воопште!
Вас никој не ви мрази. Не!

Ние, Македонците, главно, сме рамнодушни спрема вас и во работно, и во слободно време. И на празник. И во делник. И зимо и лето.
Само кога ќе се појавите ти или Захариева или ББ или некои слични на вас и ќе ја почнете санстефанската двовековна мантра – ве пцуеме! Ама, пак, и во пцовките наши македонски не е закодирана омраза… ами љубОФ… е сега, вистина е дека е повулгарна, подрска и побезобразна, ама, сетики не е омраза! ?
Еве, и прецедникот наш го вика премиерот ваш – Љубави, даже Хубави!
И к’де тук намирате омрАза, мил Каракачанко (ето, дори и името ти Каракачанко ти го дадех от милоС)?”, пишува професорката од Институтот за македински јазик Крсте Мисирков.