Јачева-Улчар бара власта да не манипулира со јазикот

Професорката Елка Јачева-Улчар бара власта да не манипулира со македонскиот јазик за дневно-политички цели.



Според неа политиката која направи многу грешки поврзани со јазикот не смее сега поради изборите да го злоупотребува.

“Она кога сите напади врз македонскиот јазик ќе ги преспиеш, ќе релативизираш за паѓањето на статусот на македонскиот јазик со ЗУЈ, за тоа на кој јазик зборуваат Македонците во Егејска Македонија, која според ЗЗ треба да ја викаме Северна Грција, кога ќе мижиш пред ,,отфикарувањето” на еден голем дел од дијалектната карта на македонските говори, ќе се чудиш и ќе молчиш како некоја членка на ЕУ ти вели дека јазикот не треба да се вика македонски, – па по 3 години пред избори ќе излезеш со старо-нови ветувања (за вработувања)!

НЕ – на злоупотребата на македонскиот јазик во дневно-политички и популистички цели!”, пишува Јачева – Улчар.