Холандскиот експерт за Балканот и екс дипломат во регионов Раиниер Јаарсма смета дека последната анкета на ИПИС (Институт за политички истражувања Скопје на професорот Владимир Божиновски) според која ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе ги добие следните избори добро ја одликува ситуацијата во јавноста наспроти политичките партии.
Според Јаарсма СДСМ и ДУИ немаат реални или де факто преговори со ЕУ и затоа ќе се обидат да го сменат уставот за да ги започнат преговорите со унијата со што би можеле да избегнта катастрофа на изборите.
,,Анкетите во Македонија 🇲🇰 имаат лошо досие, но овие бројки се чини дека го одразуваат расположението во земјата и не изненадуваат.
Со изборите што треба да се одржат во 2024 година, владината коалиција ќе почувствува топлина (Жешко, оган) да го добие посакуваниот де факто почеток на 🇪🇺 пристапните преговори”, смета Јаарсма според кого владејачката коалиција нема да сака да ги остави уставните амандмани да се задржат во 2024 година и таа да доминира во кампањата.
,,Затоа е клучно за СДСМ, ДУИ и нивните партнери уставните измени да се тргнат од патот до крајот на годината. Истото важи и за ЕУ, која исто така ќе биде во изборен режим следната година”, пишува Јаарсма.
Според планот на владата првата фаза за уставни измени влегува во собранието уште идната недела паралелно со огромниот притисок што власта со помош на меѓународни фактори го прави врз ВМРО-ДПМНЕ од каде отфрлаат можност Бугарите да влезат во уставот под овие услови на Софија.
Јаарсма ја користи табелата на европската агенција Europe Elect која ја пренесува анкетата на ИПИС според која ВМРО-ДПМНЕ води со 13 проценти пред СДСМ.
The governing coalition won't want to let the constitutional amendments linger into 2024 and have it dominate the campaign, so it's pivotal for SDSM, DUI et al. to get it out of the way by the end of the year. Same for the #EU 🇪🇺, which will also be in elections mode next year.⏲️
— Rainier Jaarsma (@RJaarsma) May 29, 2023






