Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт во утрово официјално ја објави својата оставка.
Медиуми во петокот објавија дека таа има намера да се повлече од функцијата по многу критикуваната новогодишна порака што ја објави на социјалните мрежи и во која се пофали дека војната во Украина „ѝ дала можности за многу многу средби“.
Германскиот дневен весник „Тагесшпигел“ напиша остар коментар под наслов „Ламбрехт повеќе не може да биде министер“, наведувајќи дека политичарката за време на својот говор ја прикажа војната како „возбудливо професионално искуство“.
Билд го коментираше и нејзиниот говор и напиша дека нејзината порака ја посрамоти Германија.
Шпигел наведе дека ова обраќање, ако се погледне контекстот на војната во Украина, е „непримерно и срамно“.







