Ја започна ли Заев кампањата за претседател?

Неколку најверојатно координирано пласирани информации во јавноста укажуваат на можноста премиерот Заев неформално да влегува во кампања за иден претседател на државата.



Откако прво во анкети а потоа и неколку провладини медиуми беа објавени информации дека Заев има најголема доверба кај граѓаните за претседател, во последниот ден од годината порталот Центар кој важи за близок на СДСМ го прогласи Заев за човек на годината.

Заев во два наврати демантираше дека ќе се кандидира но истото го стори и Црвенковски а подоцна стана претседател.

Во исто време музичарот Златко Ориѓански кој беше дел од кампањата на Заев на изборите напиша дека Заев е едниствениот освен Киро Глигоров што ќе биде запаметен по својата историска улога.

Предходно и аналитичарот Даме Чкатроски побара Заев да биде кандидиран за претседател за да не биде потрошен а професорот Нано Ружин работеше на предлогот за Нобелова награда за мир за премиерот.