Ја загубил ли министерот Николовски и службената банкарска картичка?

Пет дена од како јавно изјави дека не знае колкава му е платата затоа што си ги загубил банкарските картички во Брисел министерот за земјоделие и водостопанство Љупчо Николовски не објавува што се случило со картичките и зошто 40 дена не извадил нова картичка на која му доаѓа платата како министер.



Во меѓувреме јавноста погодува дали Николовски во Брисел ја загубил и службената министерска банкарска картичка од која може да плаќа за разни потреби.

Министерот на јавноста и должи и други одговори:

Мистерија: Како министерот за земјоделие цели 40 дена живее без министерска плата