Татко на 13 годишна ќерка од Турција е уапсен откако ја врзал како багаж на задниот дел од неговото комбе и „ја возел“ неколку стотици метри.
На снимката направена од друго возило може да се види возилото на кое на багажникот за велосипеди е врзано девојчето.
Снимката беше објавена на социјалните мрежи, а многумина побараа таткото да биде уапсен и затворен, а според некои – да му се одземе и старателствотио над малолетната ќерка.
Но, постариот брат на девојчето за турски медуми изјавил дека тоа било желба на девојчето и дека таа „уживала“.
„Мојот татко сакаше да ја направи среќна“, рече 22 годишниот брат, според кој таткото возел со брзина од околу 20 километри на час и поминал само 700 метри со девојчето врзано на задниотдел од комбето.
Турската полиција сé уште не објави со кои обвиненија може да соочи таткото.
#Turkey: A woman was tied to the back of the minibus. #SHOCKING pic.twitter.com/A29xC7QObx
— Ali Özkök (@Ozkok_A) August 28, 2018





