Ја насочува ли Филипче вината за трагедијата на директор од ДУИ? (ВИДЕО)

Дел од изјавата на министерот за здравство Венко Филипче за одговорноста за трагедијата во која живи изгореа 14 луѓе може да значи дека првиот човек на здравството пред јавноста и пред истражните органи ќе се брани со префрлање на вината на менаџментот на тетовската болница.



Во изјавата која е по 9тата минута од видеото од пресот на Филипче тој вели дека било побарано од директорите да проверат каква е состојбата со модуларните болници и сите одговориле дека се е во ред со струја, кислород, канализација и персонал.

Ова е прва изјава на Филипче по трагедијата со која ја насочува правец за можната вина за катастрофата во Тетово.

Директор на болницата во Тетово е Флорин Бесими брат на министерот за финасии Фатмир кој досега не се обиде да ја префрли вината на други инволвирани лица или институции.

Видеото од пресот на Филипче

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2980877488794674&id=359477174168894