Пред околу еден месец читајќи од напишан говор во Собранието премиерот Ковачевски ја покани пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на отворање на Македонскиот клуб во Благоевград.
Човекот што ја упати поканата јавно завчера од непознати причини не беше во Благоевград а Мизрахи која што беше поканета отиде да им даде поддршка на Македонците.
Што го спречи Ковачевски јавно да упати покана а потоа да се повлече не открива ни владата ни премиерот.
Ковачевски не се ни извинува што ја лажел јавноста дека ќе оди во Благоевград ниту и се извинува на Мизрахи што ја канел на место каде самиот не замина.
Поканата на Ковачевски до Мизрахи во видеото
Леле со каков лажго ние си имаме работа.
Просто неверојатно.
Абе Тачка @DKovachevski, вчера Рашела беше во Благоевград, ама кај беше ти е прашањето? pic.twitter.com/wZz5wNDprD— Фортификација (@Fortiifikacija) October 31, 2022






