Ја паметите ли Фатиме Сулејмани? (ВИДЕО)

Во 2016 беше причина за поништување на гласање и прегласување на гласачко место во Гостивар со одлука на ДИК беше ПРИГОВОР БЕЗ ПОТПИС од овластен претставник во тогаш водена од Александар Чичаковски.



Четири години подоцна, на овиер избори ДИК отфрли над 1.400 приговори на Левица дека – немало потпис.

Во 2016, приговорот на БЕСА за конкретното место во Гостивар беше заради тоа што некој веќе гласал во име на жена која воопшто не излегла на гласање.  Гласачката Фатиме Сулејмани кога дошла на изборното место сфатила дека некој веќе го искористил нејзиното право на глас.

По ова следеа повикувања и сослушувања на тогашните членови на ДИК, беше повикана и Сулејмани, а се донесе и графолог за да утврдува дали потписот бил фалсификуван.

Дел од тогашните членови на ДИК алармираа дека приговорот е без потпис од овластено лице.

Тогаш и ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека приговорот треба да биде отфрлен оти немало потпис на овластено лице.

Иако дел од членовите на ДИК укажаа на овој пропуст и инсистираа приговорот да биде отфрлен поради процедурални причини или процедурални недостатоци, ДИК спротивно на член 147 став 3 точка 2 од Изборниот законик и спротивно на Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори истиот не го отфрли.(19.12.2016)

Но тогаш ДИК играа по едни правила сега по други. На седницата на 19 јули отфрлија  1.478 приговори од Левица оти немале потпис. (ТВ Алфа)