Полицијата од самиот почеток знае кој е човекот што вчера претпладне ја искрши таблата на клубот „Цар Борис Трети” во Охрид бидејќи сам се пријавил откако го извршил делото, дознава МКД.мк од извори од истрагата.
Сторителот на делото е маж кој со земјоделска алатка, а не со секира, како што се пишуваше, ја скршил таблата и веднаш потоа отишол во полициската станица во Охрид и самиот се пријавил. При тоа раскажал што и како се случило и зошто го направил тоа”, велат изворите на МКД.мк







