На 28.12.2018 од слобода е лишен Х.К. (36) од Прилеп затоа што во периодот од 21.30 до 22 часот во куќа на ул.„Круме Волнарски“ во Прилеп, по претходна вербална расправија, со неколку убоди со нож во пределот на градниот кош ја усмртил Е. Г. (33) од Прилеп. Х.К. и Е.Г. биле во љубовна врска, а делото е извршено во куќата на Х.К., каде Е.Г. дошла заедно со нејзиниот син, пренесуваат повеќе медиуми.
Од страна на полициски службеници на ПС Прилеп, Х.К. е лишен од слобода и задржан за натамошна постапка. По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Г. е дадено на обдукција.
Според првичната информација од контролата со апарат за мерење на количината на алкохол – дрегер, осомничениот во себе имал повеќе од 2 промили алкохол. Точниот податок ќе се знае откако ќе заврши анализата на крв и урина од осомничениот која е побарана од обвинителството. Осомничениот не го напуштил местото на настанот и е веднаш лишен од слобода.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
На социјалните мрежи убиецот веднаш беше препознат како симпатизер на Заев и излезе нивна фотографија заедно.
Во моментот кога Х.К. се сликал со премиерот Заев тој немал направено кривично дело ниту бил баран со потерница.
Фотографијата е една од многуте на која премиерот се слика со негови фанови за време на јавни настапи низ земјата.





