Заврши грејс периодот за наплата на неплатените сметки и долгови кои граѓаните и компаниите ги имаат кон разни фирми и доверители.
Според официјалните податоци до март биле блокирани повеќе од 106.000 сметки, од што 26.000 биле на правни лица, а 80.000 на граѓани.
Од Комората велат дека иако извршувањето од сметките на граѓаните и фирмите било запрено со владина Уредба а поради коронакризата, сепак целосно не била стопирана пресметката на каматата на долгот што го имале.
Тоа практично значи дека по завршување на грејс-периодот износот што ќе треба да се враќа ќе биде зголемен.
Извршителите велат дека до нив никој не доставил барање извршувањата да се одложуваат и во наредниот период, што можеле да го иницираат било кој од доверителите за секој предмет посебно.
Тоа практично значи дека извршителите од денес ќе продоилжат да ги извршуваат блокираните сметки на граѓаните и фирмите пред 1 април, но и ќе се става блокада на новите долгови, а продолжува и продажбата на недвижностите кои се запленети.





