Извршителите не признаваат застарување на долговите

Нема да има застарување и отпис на долговите општини, претпријатија и граѓани, откако парламентарното мнозинство ги усвои измените на Законот за извршување и на Законот за облигациони односи, објави Комората на извршители.



Со новите измени, каматната стапка нема да смее да го надмине долгот, односно таа престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниот долг, што е прифатливо за Комората на извршители, но неприфатлив е делот за застареност на долгови. од таму велат дека тоа се коси со други законски прописи и има недоречености, пишува Фактор

„Извршителот не е надлежен по службена должност да одлучува за застареност на побарување, утврдено во извршна исправа за кое е поднесено барање за извршување. Секој поднесок од странка во кој се повикува на застареност, извршителот со заклучок ќе го отфрли поради ненадлежност“, одговара Комората на извршители.