Извршителите лани наплатиле 127 милиони евра од должници

Минатата година извршителите реалзирале 62.515 барања за присилна наплата, што е рекорд и продолжување на низата на се поголем број на извршени решенија, покажува тукушто објавениот извештај на комората на извршители. Имало 6.000 повеќе „реализации“ во однос на претходната година. Бројките се зголемуваат од година в година, па така во 2016 тие биле 54.720, во 2012 изнесувале 33.384, во 2009 се евидентирани 22.001, а на почетокот во 2006 година биле само 2.750, пренесува Фактор



Наплатата изнесувала 127 милиони евра, што е една од „најдобрите“ години за извршителите, иако износот е 40 милиони помалку во однос на 2017 година. Забележително е тоа што решавањето на предметите кои траат над една година се зголемува се повеќе и тоа го засилува тврдењето на критичарите дека што подолго се држат налозите толку поголем е приходот од каматите.

Во 2018-та имало 97 извршители на ниво на цела Македонија.