Извршителите кај Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со претставници од Комората на извршителите, кои му пренесоа дека се задоволни од законските измени кои предвидуваат отпис на долгови на граѓаните кон јавните претпријатија, како и отпис на долговите на ЈП кон државните органи.



Но, нагласија дека сите законски измени не смеат да бидат на штета на извршувањето како важен сегмент на функционирањето на правната држава.

Претседателот Пендаровски, од своја страна, го повтори својот став дека секое законско решение треба да биде исклучиво во интерес на граѓаните на Македонија.

На средбата присуствуваше и министерката за правда, Рената Дескоска.