Три чуда се случиле во 198 час, односно на деветтиот ден по земјотресот, јавуваат турски медиуми.
Тројца млади момчиња поминале девет дена под урнатините и биле извлечени живи.
Станува збор за 17-годишниот Мухамед Енес и неговиот постар брат, кои беа спасени во градот Кахраманмараш.
Во градот Адијаман,пак, беше спасен 18-годишниот Мухамед Чафер Четин.
Турскиот претседател Ердоган соопшти дека над 8.000 луѓе се извлечени живи од под урнатините.
Бројот на жртвии од земјотресот само во Турција надмина 31 илјада.






