Полицајците кои неколку дена беа заглавени во полициската станица во село Танушевци, поради недостапниот терен и наносите од снег денеска биле пренесени во Скопје со полициски хеликоптер.
Движењето на десетината припадници на МВР беше оневозможено откако снегот достигнал до 2,5 метри и ги блокирал локалните патишта, дознава НОВА ТВ.




