Извинувањето до „небо“ не може да го спаси Рашковски

„Извинувањата до “небо” не може да го спасат генералниот секретар на Влада од неговата морална и политичка одговорност за непристојниот вокабулар користен во однос на други етнички заедници и нации.



Оставка“, напиша новинарот Борјан Јовановски на Фејсбук по прес-конференцијата на Драги Рашковски на која тој даде одговор на новинарските прашања дали е подготвен да даде оставка за расистичките, непристојните и навредливи коментари
на сметка на граѓаните на една пријателска држава во аудио-снимката од разговор за договарање тендер за М-НАВ.