Македонската влада денеска експресно упати извинување до Австрија за протоколарниот пропуст, кога на пристигнувањето на автрискиот премиер во Скопје беше постаено латвиско, наместо австриско знаме.
„Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија“, се вели во соопштението од владината прес-служба.





