Четворица професори по македонски јазик од дијаспората останаа на улица. Тие се жалат дека поради политички реваншизам дека не им биле продолжени договорите за работа, бидејќи како што обвинуваат, Министерството за образование на конкурс одбрало нови професори кои се кадри на СДСМ.
Според инфомациите со кои професорите располагаат, на конкурсот биле одбрани професори од кои една е братучедка на премиерот Зоран Заев, а другата е човек близок до специјалната обвинителка Катица Јанева.
Зафировски, кој е еден од оние останаа на без работа, за Алфа вели дека без никакво образложение не им се обновени договорите, нему во Словенија, на уште две професорки во Германија и една во Франција.
Професорот Шаиноски од Словенија вели дека 21 година работи како професор и му остануваат уште 4 години до пензија, за тоа дека не му е продолжен до договорот вели дека се жалел до министерстовто за образование, но отаму одговор нема. Зекирија истакна дека е во шок од ваквата одлука, вестта дека веќе нема да предава во училиштата во Словенија во кои досега работел со неверување ја прифатиле неговите словенски колеги, според кои како што вели Шаиновски тој и неговите колеги биле многу вреднувани.
Четворицата професори остануваат на своите работни места до заврушување на договорот кој истекнува на 21 август годинава, а за што понатаму ќе прават Зекирија вели дека ќе бараат чаре за преживување.
За политичкиот реваншизам, говори и фактот што во иминативе неколку месеци , многу воспитувачки од градинките ширум Македонија останаа со непродолжени договори.
Најсвеж е случајот во скопската градинка Снежана, каде две воспитувачки останаа на улица. За враќање на вооспитувачките родителите на децата организираа и протести, но сепак проблемот остана нерешен.





