Зајакнати полициски контроли по скопските улици. Само за овие два дена во главниот град се изречени над 500 казни. Дури 140 казни се изречени за непропуштање пешаци на пешачки премин, по зајакнатите полициски контроли на територијата на Скопје.
Од вкупно 520 казни, на второ место се оние за брзото возење, а посред статистиката на МВР голем проблем е и тоа што многумина седнуваат под дејство на алкохол зад воланот.
Според полицијата, минатата година поминала со убедливо најмал број жртви во сообраќајни несреќи во послендите 10 години, 111.
Лани биле изречени над 240.000 санкции за сообраќајни прекршоци, од кои над 100.000 за пребрзо возење, што е најчеста причина за тешки сообраќајни несреќи.
Во 2022 досега има девет жртви.







