Палестинската екстремистичка организација Хамас објави ново видео на кое се гледаат тројца израелски заложници  во Појасот Газа и кои ги молат израелските власти да им помогнат да бидат ослободени од заложништвото кое трае повеќе од 100 дена.



Во видеото кое трае 37 секунди, објавено вчера се снимени пораките на  Ноа Аргамани (26), Јоси Шараби (53) и Итај Свирски (38) какокои бараат од израелската влада да ги врати дома.

Според Тајмс оф Израел наведува дека властите во земјата ги карактеризираат ваквите снимки како алатка за психолошка војна, а повеќето израелски медиуми не ги објавуваат овие видеа.

„Чекајте не.. утре ќе ви ја кажеме нивната судбината. Вашата влада ве лаже“ – се вели во пораката на Хамас што го придружува видеото од 37 секунди.