Израелски војници убија Палестинка во Западен Брег

Палестинка беше убиена денеска од израелски војници окупираниот Западен Брег, соопштија медицинските лица.



Војниците отвориле оган врз возило кое забрзувало кон нив, јавува Ројтерс

Инцидентот во близина на палестинската престолнина Рамала, е последен во засилената воена акција на Западниот Брег што Израел ја започна во март по серијата палестински улични напади во неговите градови.

Палестинските лекари соопштија дека жртвата е 19-годишна жена од Хеброн. Не е јасно каде седела во автомобилот.

Официјалната палестинска новинска агенција Вафа соопшти дека 26-годишен маж со неа бил приведен од војската.

Портпаролот на израелската армија рече дека војниците забележале „сомнително возило“ како се приближува и возачот – опишан само како маж – забрзано се упатил кон нив и покрај тоа што му било сигнализирано да застане.

„Како одговор, војниците пукаа во возилото.
Инцидентот е под истрага“, рече портпаролот, без да наведе детали за жртви или уапсени.