Двајца израелски рапери повикаа на убиство на пејачката Дуа Липа и манекенката Бела Хадид во нивната популарна песна „Харба Дарба“, инсинуирајќи дека тие се одговорни за нападите на Хамас што се случија на 7 октомври, пишува Тајмс.



Песната има над 18 милиони прегледи на YouTube откако беше објавена минатиот ноември и беше наречена „неофицијален саундтрак за војната во Газа“, додека раперите Нес и Стила на хебрејски споменуваат список на луѓе за кои велат дека се „одговорни за нападите“.

„Секое куче ќе го добие она што го заслужува“, велат раперите, кои ги спомнуваат Хасан Насрала, лидерот на Хезболах, Мохамед Деиф, водачот на бригадите Ал-Касам на Хамас и Исмаил Ханије, претседателот на политичкото крило на Хамас.

Додека покажуваат среден прст на камерата, раперите именуваат познати личности кои ги сметаат за подеднакво одговорни за нападите поради нивниот антивоен став. На нивната „црна листа“ се најдоа пејачката Дуа Липа, манекенката Бела Хадид и поранешната порно ѕвезда Миа Калифа.

Калифа одговори со исмејување на песната која предизвика контроверзи во странство,

„Целата таа песна што повикува ИД да ме убијат мене, Бела и Дуа е драматична, тие не можат ни да повикуваат на геноцид во нивната култура, мораа да колонизираат нешто за да стигнат до број 1“ објави Калифа на ‘Х’