Израелски научници: Три дози „Фајзер“ штитат од „Омикрон“

Израелските истражувачи вчера објавија дека три дози на вакцината Фајзер обезбедува значителна заштита од мутираниот „Омикрон“, објави Ројтерс.



Наодите беа слични на оние презентирани од BioNTech и Pfizer претходно во неделата, кои сигнализираа дека бустер дозите може да бидат клучни за заштита од инфекција од новоидентификуваната варијанта.

Израелската студија следи по студија од Јужна Африка која покажа дека варијантата Омикрон делумно може да се избегне со заштита од две дози.