Армијата вчера соопшти дека е потврдена смртта на пет лица киднапирани на 7 октомври и дека нивните семејства се известени, пренесе АФП.
Претходно, Кибуцот Нир Оз, кој беше нападнат од Хамас, ја објави смртта на тројца негови жители кои беа земени како заложници.
Имињата на другите двајца се веќе познати.
Елијаху Маргалит имаше 75 години. Тој беше татко на медицинската сестра Нили Маргалит, која пред два дена беше пуштена на слобода.
Вториот убиен е беше киднапиран од музичкиот фестивал во Ремс. Гај Илуз имаше 26 години. Тој беше инженер за звук и свиреше бас во еврејски музички ансамбл.
Седумдневната пауза, која започна на 24 ноември и беше двапати продолжена, овозможи размена на десетици заложници држени во Газа за стотици палестински затвореници и го олесни влезот на хуманитарна помош во енклавата.
Хамас се уште држи 136 заложници од кои 17 жени и деца







