Министерката за разузнавање на владејачката Ликуд партија во Израел, Гила Гамлиел, вели дека меѓународната заедница треба да промовира „доброволно преселување“ на Палестинците во Газа на локации низ целиот свет, пишува „Times of Israel“.



Во авторски текст за The Jerusalem Post, таа вели дека една „опција“ по војната би била „да се промовира доброволно преселување на Палестинците во Газа, од хуманитарни причини, надвор од Појасот“.

За поддршка на нејзината идеја, министерката го цитира Алберт Ајнштајн, Евреин по потекло, кој рекол дека „среде секоја криза се крие одлична можност“.

Таа смета дека UNRWA „агенцијата на Обединетите Нации не направила ништо за Палестинците во последните 75 години“ иако поседува годишен буџет од 1 милијарда долари.

„Наместо да испраќа пари за обнова на Газа, меѓународната заедница може да помогне во трошоците за преселување, помагајќи им на луѓето од Газа да изградат нови животи во нивните нови земји домаќини“, вели Гимлиел.

„Газа долго време се сметаше за проблем без одговор“, пишува Гамлиел. „Мораме да пробаме нешто ново и ја повикуваме меѓународната заедница да помогне тоа да стане реалност.

„Тоа би можело да биде победничко решение: победа за оние цивили од Газа кои бараат подобар живот и победа за Израел по оваа катастрофална трагедија“, додава таа.

Но, секоја сугестија за растурање на Палестинците е многу контроверзна во арапскиот свет, констатира Times of Israel.

Египет, кој се граничи со Појасот Газа, упорно дури и привременото преселување на бегалците од Газа на нејзината територија за време на војната, велејќи дека тие мора да останат во Појасот Газа.