Армијата на Израел денеска објави дека нејзините копнени сили синоќа извршиле ограничени упади во Појасот Газа, јави Ројтерс .
Во исто време, воздушните сили ги напаѓаат точките каде што се собирале палестинските милитанти во очекување на најавената израелска инвазија.
Палестинската група Хамас вчера објави дека нејзините борци се судриле со оклопните сили кои се инфилтрирале во јужниот дел на Газа, уништувајќи дел од израелската воена опрема. Израел не спомна загуби.
„Во текот на ноќта имаше упад на тенкови и пешадија“, а нивната цел е „да ги убијат тимовите терористи кои се подготвуваат за нашата следна фаза во војната“, рече Даниел Хагари, портпарол на војската зборувајќи за операциите „длабоко“ во Газа.
Хагари, соопшти дека сега е потврдено дека 222 заложници биле земени од Израел во Појасот Газа на 7 октомври.
„Со овие упади, во разузнавачка смисла, лоцираме и бараме што може да ни помогне да ги најдеме заложниците“, додаде тој.
Хагари тврди дека таквите операции помагаат и во разбирањето „каде се собираат и организираат терористите во пресрет на следната фаза од војната“.







