Израел предложи повеќефазен план за Газа во кој очекува да ги ослободи сите околу 100 заложници кои сè уште ги држи Хамас во замена за привремено примирје од два месеци, објави Си-Ен-Ен.



Планирано е ослободување на сите живи заложници, како и телата на починатите. Процесот треба да се одвива во неколку фази, прво ќе бидат ослободени жените и мажите над 60 години и заложниците кои се во критична здравствена состојба.

Следната фаза ќе вклучува ослободување на женски војници, невоени мажи на возраст под 60 години, израелски мажи под униформи и тела на починати затвореници.

Дел од израелската армија ќе ги напушти поголемите градови во Газа, што ќе овозможи враќање на бегалците. За возврат, Израел очекува лидерите на Хамас да го напуштат Појасот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е под силен притисок од роднините на заложниците.

Роднини на заложниците упаднаа во израелскиот парламент

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден поддржува пауза во борбите во Газа што ќе доведе до ослободување на заложниците и влез на дополнителна хуманитарна помош во палестинската енклава.