Израел водеше четири војни со Хамас, како ќе заврши оваа?

На 12 септември 2005 година, Израел еднострано се повлече од Појасот Газа, а набрзо на власт дојде Хамас, исламистичко движење кое Израел и многу западни земји го сметаат за терористичка организација.



Од 2008 до 2021 година, израелската војска четири пати ја нападна Газа за да ги спречи нападите на Хамас врз Израел и ја уништи инфраструктурата што се користеше за тие напади и ги уби лидерите на Хамас.

Херзи Халеви, началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, најави дека армијата ќе го „растури“ Хамас, гаѓајќи го нејзиниот политички лидер.

„Мислам дека Израел не може да го „елиминира“ секој член на Хамас. Но, може да го ослаби толку многу што повеќе нема оперативни способности“, изјави воениот аналитичар Амир Бар Шалом за израелското воено радио.

Тоа изгледа пореална цел, пишува Би-би-си, бидејќи Израел веќе водел четири војни со Хамас и секој обид да се запрат ракетите на таа милитантна група пропаднаа.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (IDF) Џонатан Конрикус рече дека до крајот на војната Хамас повеќе не треба да има воен капацитет да „се заканува или убива израелски цивили“.