Поранешниот британски секретар за одбрана Бен Валас предупредува дека тактиката на Израел кон Хамасс и Палестинците во Газа „ќе го поттикне конфликтот за уште 50 години“ со радикализирање на муслиманите ширум светот
Израел ризикува да ја изгуби легитимитетот на војнаат во Газа со „убиствениот бес“ против палестинскиот народ.
Коментарите на Валас дадени во напис за Дејли Телеграф, доаѓаат во време на промена на тонот од Велика Британија и Запад кон Израел, бидејќи бројот на загинати во Газа расте.
„Одење по Хамас е легитимно – уништување на огромни делови од Газа не е“, рече тој. „Употребата на пропорционална сила е законска, но колективната казна и присилното движење на цивилите не е.
Тој предупреди дека на израелскиот премиер Нетанјаху му се заканува опасност да ја прекрши Женевската конвенција.
Според Валас рече дека сегашната генерација на израелски политичари се однесува како „слон во продавнизца за стакло“…
„Но, ако мисли дека со бес и убиства ќе ги поправи работите, тогаш тој многу греши“, рече тој.
„Неговите методи нема да го решат овој проблем“, вели Валас.





