Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Џонатан Конрикус рече дека копнените трупи „најверојатно“ ќе ја нападнат Газа доколку Хамас „безусловно не се предаде“.
„Ако Хамас излезе од своите скривалишта зад израелските цивили, што го прави сега, ги врати нашите заложници, сите 212 и се предаде безусловно, војната ќе заврши“, рече портпаролот во интервју за ABC Australia.
„Ако не го сторат, веројатно ќе треба да влеземе и да го направиме тоа“, додаде Конкрикус.
Тој не одговори на прашањето зошто копнената инвазија е одложена и покрај повеќедневните шпекулации, но рече дека израелските сили „целосно ќе го уништат Хамас“.
Тој, исто така, додаде дека ако луѓето не можат да застанат на страна на Израел во неговата војна против Хамас, „нешто не е многу во ред со нивниот морал“.
Причината за оваа точка беше дебата во Сиднеј за тоа дали градското собрание треба да биде осветлено во боите на израелското знаме.
Градоначалничката на Сиднеј, Кловер Мур, рече дека ќе го блокира предлогот за осветлување, што треба да биде поднесен денеска, бидејќи тоа би било во спротивност со „вредностите на инклузивност и хармонија“ на градот.






