Израел нема да се согласи на привремено примирје со Хамас додека не бидат ослободени сите повеќе од 240 заложници земени во нападите на 7 октомври, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху, цитиран од Би-Би-Си.
Претходно Хамас објави подготвеност да ги ослободи израелските заложници доколку Израел ги ослободи сите Палестинци од затвор и „запре агресијата“.
Нетанјаху зборуваше во петокот непосредно по состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој го повика Израел да ги прекине своите воени операции за подобрување на хуманитарната ситуација во Газа.
Блинкен, исто така, го повика Израел да стори повеќе за да ги заштити цивилите од неговите напади.
Американскиот државен секретар, кој вчера го посети Израел по трет пат од почетокот на војната, по разговорите изјави дека „хуманитарните паузи“ во конфликтот се „критични“ за заштита на цивилите и дека се „важна тема на разговор“ со израелските лидери. .
Тој рече дека САД веруваат дека таквите паузи ќе овозможат поголема помош да стигне до Газа.







