Првиот камион со гориво влезе во Газа откако Израел воведе целосна опсада на енклавата, премина денеска од Египет во средата, иако испораката нема да придонесе да се ублажи недостигот, објави Ројтерс.
Испораката беше овозможена со тоа што Израел даде одобрение за 24.000 литри дизел гориво но само за камиони за дистрибуција на помош на ОН, но не за употреба во болниците.
„Ова е само 9% од она што ни е потребно дневно за да ги одржиме активностите за спасување животи“, објави Том Вајт, директор на агенцијата за помош на ОН во Газа, на платформата за социјалната мреќа “X“.
Тој потврди дека се добиени нешто повеќе од 23.000 литри или – половина цистерна.
Хуманитарните работници велат дека недостатокот на гориво, кое е потребно за болничките генератори, обезбедување вода, третман на отпадни води и комуникации, како и за дистрибуција на помош, придонесе за нагло влошување на условите за 2,3 милиони жители на Газа.







